13. дојде кај мене, застана и ми рече: ‚Брате Савле, прогледај!‘ И јас во тој миг прогледав и погледнав кон него.
14. Тој ми рече: ‚Бог на нашите татковци те определил да ја познаеш Неговата волја, да Го видиш Праведникот и да слушнеш глас од устата Негова,
15. зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си видел и слушнал.
16. И сега, зошто се задржуваш? Стани, крсти се и очисти ги гревовите свои, повикувајќи го името на Господ Исус.‘
17. А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес,
18. Го видов како ми вели: ‚Побрзај, излези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го примаат твоето сведоштво за Мене!‘
19. Јас, пак, одговорив: ‚Господи, тие знаат дека јас ги затворав и биев по синагогите оние, кои веруваа во Тебе;
20. и кога се проливаше крвта на Стефан, Твојот сведок, таму стоев и јас и го одобрував неговото убиство, пазејќи ги алиштата на оние што го убиваа.‘
21. И ми рече: ‚Оди! Јас те праќам далеку – кај незнабошците.‘“
22. И сѐ до овој збор тие го слушаа, но потоа го издигнаа гласот свој и почнаа да викаат: „Тргни го од земјата таков! Тој не треба да живее!“