16. Тогаш се сетив на зборовите Господови: ‚Јован крштеваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Дух Свети.‘
17. Ако, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господа Исуса Христа, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?“
18. Откако го ислушаа тоа, тие се успокоија и Го прославуваа Бога, велејќи: „Значи и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.“
19. А оние, што се беа распрснале поради гонењето до кое дојде по убиството на Стефан, стигнаа сѐ до Феникија, Кипар и Антиохија, и никому не му го проповедаа словото, освен на Јудејците.
20. А некои од нив – Кипрани и Киринејци, штом пристигнаа во Антиохија, почнаа да им проповедаат и на Елините, навестувајќи го Евангелието на Господа Исуса.
21. И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обратија кон Господа.
22. Веста за тоа дојде до ушите на црквата ерусалимска. И тогаш го испратија Варнава да оди во Антиохија.
23. А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и ги бодреше сите да пребиваат во Господ со непоколебливо срце.
24. Тој беше добар човек и исполнет со Дух Свети и вера. И значително мноштво луѓе се припои кон Господ.
25. Потоа, Варнава тргна за Тарс да го бара Савле.
26. И кога го најде, го доведе во Антиохија. И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа големо мноштво луѓе. Во Антиохија за прв пат ги нарекоа учениците христијани.
27. А во тоа време слегоа од Ерусалим во Антиохија некои пророци.
28. И еден од нив, по име Агав, претскажа преку Духот дека по целата вселена ќе настане голем глад. И токму таква голема и настана во времето на царот Клавдиј.
29. Тогаш учениците решија, секој, колку што има, да испрати за поткрепа на браќата, што живееја во Јудеја.
30. Тоа го направија, така што го пратија собраното до старешините преку Варнава и Савле.