1. Не сум ли јас апостол? Не сум ли јас слободен? Не Го видов ли Исус Христос, нашиот Господ? Не сте ли вие мое дело во Господ?
2. Ако за други не сум апостол, за вас сепак сум. Бидејќи вие сте печатот на моето апостолство во Господа.
3. Ова е мојата одбрана против оние што ме осудуваат:
4. Зар немаме право да јадеме и да пиеме?
5. Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка, како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа?
6. Или само јас и Варнава немаме право на издршка?
7. Кој војувал некогаш на своја сметка? Кој сади лозје, а не јаде од неговиот плод? Или кој пасе стадо, а не пие од неговото млеко?
8. Зар го зборувам ова само како човек? Не го вели ли истото и Законот?
9. Бидејќи во Мојсеевиот закон е напишано: „Не врзувај ја устата на вол што врши.“ Зар Бог се грижи за воловите?
10. Или го вели тоа, главно, за нас? – Да, за нас е напишано тоа; зашто, оној што ора, треба да ора со надеж, и кој врши, да врши со надеж дека ќе го добие она што го очекува.