1. Воспејте Му на Господа нова песна, зашто направи чудесни дела. Неговата десница и Неговата света мишка Му извојуваа победа.
2. Господ го објави Своето спасение, ја откри Својата правда пред народите.
3. Си спомна за милоста и верноста кон Израелевиот Дом. Сите краишта на земјата го видоа спасението на нашиот Бог.
4. Воскликни Му на Господа, цела земјо; радувај се, викај весело и пеј!
5. Запејте Му на Господа со псалтир, со псалтир и со глас на псалмопеење;
6. со звуците на трубите и роговите: викајте радосно пред Царот - пред Господа!
7. Нека шуми морето и што е во него, земјата и нејзините жители!