1. За началник на пејачи. На свиралката: Шошаним-Едут. Асафов псалм. Израелев Пастиру, послушај, Ти што го водиш Јосифа, како стадо овци! Ти што седиш над херувите, заблескај.
2. Пред Ефрема, Венијамина и Манасија: разбуди ја Својата сила, дојди ни напомош!
3. Боже, обнови нè, разведри го Своето лице и спаси нè!
4. Господи, Боже над Воинствата, до кога ќе пламнуваш, иако Твојот народ се моли?
5. До кога ќе нè храниш со лебот на солзите, и ќе нè напојуваш изобилно со солзи?
6. До кога нашите соседи ќе се препираат за нас, и ќе ни се ругаат нашите непријатели?
7. Боже над Воинствата, обнови нè, разведри го Своето лице и спаси нè!
8. Ти ја пренесе лозата од Египет, ги истера нечистите, а неа ја засади.
9. Ти и подготви почва, и таа пушти корења и ја наполни земјата.
10. Сенката и ги покри бреговите, гранките и станаа како Божји кедрови.