16. Ќе раскажувам за Господовата сила, Господи, ќе ја славам само Твојата праведност.
17. Боже, Ти ми беше учител од мојата младост, и сè досега ги разгласувам Твоите чудеса.
18. Ни во староста, кога ќе обелам во косата, Боже, не ме оставај; за да раскажувам за Твојата мишка на идното поколение и на сите идни поколенија, за Твојата сила.
19. И за Твојата праведност, Боже, што стига до небото, со која направи големи дела. Боже, кој е како Тебе!
20. Многу и големи трпенија фрли врз мене: но Ти ќе ме оживиш пак и пак ќе ме кренеш од длабочината на земјата.
21. Зголеми го моето достоинство и утеши ме пак!
22. А јас, со псалтир, ќе ја славам Твојата верност, о Боже, ќе Ти свирам со лира, Израелев Светец!
23. Моите усни ќе воскликнуваат пеејќи Ти, и мојата душа, што ја избави.
24. И мојот јазик секогаш ќе ја слави Твојата правда, зашто се засрамени и понижени оние, што сакаат несреќа за мене.