1. Давидов псалм. Господи! Опкружи ги моите обвинители и војувај против оние, кои војуваат против мене!
2. Стави оклоп, земи го Твојот штит и стани да ми помогнеш!
3. Замавтај со копјето и пресретни ги моите гонители, Речи и на мојата душа: „Јас сум твое спасение.”
4. Нека се збунат и посрамат оние, кои ја бараат мојата душа, нека се повлечат и збунат оние, кои мислат зло!
5. Нека бидат како плева на ветер, кога Господовиот ангел ќе ги спотера!
6. Мрачни и лизгави нека им бидат патиштата, кога Господовиот ангел ќе ги гони!
7. Зашто без причина ми оптегнаа мрежа; без причина ископаа гроб за мојата душа.
8. Гибелта ќе ги стигне одненадеж, и сами ќе се фатат во мрежата што ја оптегнаа; ќе паднат во јамата што ја ископаа!
9. А мојата душа ќе се весели во Господа, ќе се радува во Неговото спасение.
10. Сите мои коски ќе речат: „Господи кој е како Тебе, Кој го спасуваш бедникот од силникот, бедникот и сиромашниот од ограбувачот?”
11. Неправедни сведоци станаа: ме прашуваат за она што не знам.
12. Ми враќаат зло за добро, мојата душа запаѓа во осаменост.