3. Фалете Го Господа, зашто Господ е благ, пејте Му на Неговото Име, зашто тоа е мило.
4. Зашто Господ го избра Јакова за Себеси, Израел за драга сопственост.
5. Знам дека Господ е Велик, дека е Господар над сите богови.
6. Што и да Му се допадне на Господа, тоа го прави на небото и на земјата, во морето и во бездните.
7. Облаци крева од крајот на земјата, му создава молњи на дождот, го вади ветрот од неговите засолништа.
8. Тој ги погуби првородените во Египет, луѓето и добитокот еднакво.
9. Тој испрати знаци и чудеса сред тебе, Египете, против фараонот и сите негови слуги.
10. Тој погуби многу народи и погуби моќни цареви:
11. аморејскиот цар Сихон, и васанскиот цар Ог, и сите ханаански царства.