1. Кога излезе Израел од Египет и Јакововиот дом од народот со туѓ јазик,
2. Јудеја Му стана светилиште, а Израел Негово Царство.
3. Морето виде и побегна, а Јордан се повлече назад.
4. Планините скокаа како овни и ридовите како јагниња.
5. Што ти е, море, што побегна? Јордане, зошто завртуваш назад?
6. Планини, зошто скокате како овни, и вие, ридови, како јагниња?
7. Трепери, земјо, пред Господовото лице, пред лицето на Јакововиот Бог.