1. Алилуја! Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кој ужива во Неговите заповеди;
2. неговото потомство ќе биде силно на земјата, благослов ќе почива врз праведното поколение.
3. Благосостојба и богатство ќе биде во неговиот дом, неговата правда ќе трае довека.
4. На чесните им изгрева светлина во темнина: Тој е благ, милостив и праведен.
5. Добро му е на човекот кој е милостив и дава на заем, кој ги свршува чесно своите работи.
6. Никогаш нема да се поколеба, праведникот ќе биде во вечен спомен.
7. Не ќе се плаши од лоши вести, мирно е неговото срце, надевајќи се на Господа.