22. Нека принесуваат благодарни жртви, и воскликнувајќи нека ги раскажуваат Неговите дела.
23. Тие кои забродија со бродови по морето, да тргуваат по силните води:
24. тие ги видоа Господовите дела, Неговите чудеса во длабочните.
25. Тој рече и буроносниот ветер се завиори, што ги крева морските бранови во височина.
26. Се креваа до небо, се спуштаа во бездна. Душата им гинеше во неволја.
27. Се лулаа и се слизнуваа како пијани, сета мудрост ги изневери.
28. Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија и Тој ги истрга од сите неволји.
29. Ја смири бурата со тивко ветерче, морските бранови молкнаа.