1. Господово слово упатено на Моресетецот Михеј во времето на Јоатам, Ахаз и Езекија, јудејски цареви. Неговите виденија за Самарија и Ерусалим.
2. Чујте, народи, вие сите! Слушај земјо и сè што те исполнува! Господ Бог ќе сведочи против вас - Господ од Својот свет Храм!
3. Зашто, еве: Господ излегува од Своето свето место, слегува и оди по земските височини.
4. Горите се растопуваат под Неговите чекори и долините се распукуваат под Неговите чекори и долините се распукуваат како восок пред оган, како водата што се разлева низ стрмнината.
5. Сè е тоа Јакововото злосторство и за гревовите на Израелевиот дом. Кое е Јакововото злосторство? Не е ли Самарија? Кои се Јудините високи места? Не е ли Ерусалим?
6. „Ќе направам од Самарија грутки куп во полето, на место за садење лозје. Ќе ги растркалам нејзините камења во долината, ќе и ги откријам основите.
7. Ќе се искршат на парчиња сите нејзини резани ликови, сета блудничка плата ќе и биде изгорена со оган, ќе ги запустам сите нејзини идоли, зашто се насобрани од блудничка плата, и пак ќе се вратат на блудничка плата.”
8. Затоа ќе плачам и ќе заридам, ќе одам гол и необлечен, ќе вијам како шакалите, ќе пискам како ноевите.
9. Зашто нема лек за нејзината рана, стига сè до Јуда, ја допира вратата на Мојот народ, сè до Ерусалим!