1. Склучив завет со своите очи, дека нема да погледнат на ниедна девица.
2. А што ми досуди Господ одозгора, какво ми е наследството од Сèдржителот?
3. Па, не е ли несреќата за нечесниот, а неволјата за оние што прават зло?
4. Не ги гледа ли Тој сите мои патишта, не ги брои ли Тој сите мои чекори?
5. Зар одев, кога и да било, во друштво со лагата? Зар мојата нога брзаше кон измама?
6. Нека ме измери Бог врз права мерка, па ќе ја види мојата непорочност!