12. Зошто ме прифатија двете колена и двете гради, за да ме надојат?
13. Во вечен мир би почивал сега, би спиел, својот покој би го уживал.
14. Заедно со цареви и со советниците на земјата, кои си изградија гробници за себеси,
15. или со кнезовите, богати со злато, што ги наполнија своите куќи со сребро.
16. Не ќе постоев - ќе бев како закопано недоносче, како новороденче што не ја виде светлината.
17. Беззакониците не беснеат веќе таму, уморените наоѓаат починка таму.
18. Таму ги оставаат на мир заробениците: не го слушаат веќе гласот на стражарот.
19. Малиот лежи таму заедно со големиот, робот е слободен од својот господар.