7. Кој поучува подбивач, добива срам, и кој кори нечесен, се валка себе си.
8. Не изобличувај го потсмевачот, за да не те замрази, кори го мудриот за да те засака.
9. Поучи го мудриот, и ќе биде уште помудар; упати го праведниот, и ќе се зголеми неговото знаење.
10. Стравот од Господа е почеток на мудроста и познавањето на Светиот е разум.
11. Преку Мене ти се умножуваат деновите и ти се множат годините на животот.
12. Ако си мудар, за себе си мудар; ако бидеш потсмевач, самиот ќе поднесуваш.”
13. Безумната жена е немирна, проста е и не знае ништо.
14. Седи при вратата на својата куќа на столица, во градските височини,
15. па ги повикува оние, кои поминуваат по патот, кои одат право по своите патеки:
16. „Кој е неискусен, нека наврати ваму!” и на неразумниот му говори:
17. „Крадената вода е слатка, и пријатно е да се јаде леб скришно.”
18. А тој не знае дека мртвите се таму, дека нејзините гости се во длабочините на пеколот.