10. Не му прилега на безумен да живее раскошно, уште помалку на слуга да владее над кнезовите.
11. Благоразумието го запира човекот од гнев, и чест му е да ја прости грешката.
12. Гневот на царот е како рикање на лав, а неговата благонаклонетост како роса на трева.
13. Безумниот син е несреќа за својот татко, и женините препирки се постојано прокиснување.
14. Куќата и богатството се наследуваат од татковците, а благоразумната жена е од Господа.
15. Мрзливоста навлекува врз човекот длабок сон, и неработливата душа гладува.
16. Кој се придржува до заповедта, го чува својот живот, а кој не внимава на своите патишта умира.
17. На Господ му позајмува кој е милостив кон бедниот, и Тој ќе му го плати добротворството.
18. Казнувај го својот син додека има надеж, и не се возбудувај од неговото викање.
19. Кој е јаростен, ќе биде казнет, ако сакаш да му помогнеш ќе направиш полошо.
20. Слушај совет и примај поука, за да станеш мудар во твоите последни денови.
21. Има многу замисли во човековото срце, но што ќе науми Господ, тоа и ќе биде.