19. Такви се патиштата на сите лакоми за пари, на завладеаните од нив им го одзема животот.
20. Премудроста извикува гласно на улица, го подига својот глас на плоштадите;
21. проповеда по бучни агли, при отворените градски врати, ги говори своите зборови:
22. „До кога, вие глупави, ќе ја љубите глупоста, и до кога на потсмевачите ќе им биде мило потсмевањето, и до кога безумниците ќе го мразат знаењето?
23. Послушајте ја мојата опомена! Ете, го излевам својот дух пред вас, сакам да ве поучам со свои зборови.
24. Колку ве повикував, а вие одбивавте; ја испружував раката, но никој не ја забележа;
25. туку го отфрливте секој мој совет и не ги послушавте моите опомени.
26. Затоа и јас ќе се смеам на вашата пропаст, ќе се потсмевам кога ќе ве снајде тешкотија;
27. кога стравот ќе навали врз вас како невреме и кога пропаста ќе ве грабне како виор, кога ќе се навалат врз вас неволјата и маката.
28. Тогаш ќе ме викате, но јас нема да одговарам; ќе ме барате, но нема да ме најдете.
29. Зашто го мразеа знаењето и не го избраа Господовиот страв,