1. Мудри пословици на Соломон, Давидовиот син, израелскиот цар:
2. За да се сознае мудроста и поуката, за да се сфатат благоразумните зборови;
3. за да се прими умна поука, правда, правосудство и правичност;
4. за да им се даде памет на неискусните; знаење и умеење на младиот човек;
5. кога мудриот чуе, да биде уште помудар, а разумниот да стекне помудри мисли;
6. за да ги разбере пословиците и приказните, зборовите на мудреците и нивните загатки.
7. Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката.