23. „Набави најубави мириси: пет стотини сикали најчиста смирна, половина од таа тежина - двеста и педесет - мирислив цимет, двеста и педесет мирислива трска,
24. пет стотини - според храмскиот сикал - ловор и еден ин маслиново масло.
25. Направи од тоа посветено масло за помазание; маст приготвена според искуството на мироварач. Тоа нека биде миро за помазание.
26. Потоа помажи го со тоа: Шаторот на средбата и Ковчегот на Сведоштвото,
27. столот и сиот негов прибор; светилникот и сиот негов прибор, и кадилниот жртвеник;
28. жртвеникот за жртви паленици и сиот негов прибор; мијалникот и неговата потпирка:
29. посвети ги, и тие така ќе станат посветени, и што и да се допре до нив, ќе стане посветено.
30. Помажи ги Арона и неговите синови и посвети Ми ги Мене за свештеници.
31. Тогаш речи им на Израелците вака: ‘Ова е Мое свето миро за помазание од поколение до поколение.