1. „А потоа доведи го при себе, од меѓу Израелците, твојот брат Арон заедно со неговите синови: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар, за да Ми служат како свештеници.
2. Направи му на својот брат Арон света облека, за слава и за величественост.
3. Обрни им се на сите вешти луѓе, кои ги надарив со мудрост, нека му направат облека на Арона, за да се посвети и за да ја врши свештеничката служба во Моја чест.
4. Нека ја направат следнава облека: врзградник, наплеќник, наметка, кошула обрабена со реси, капа и појас; нека направат света облека за твојот брат Арон и за неговите синови, за да Ми служат како свештеници.
5. Затоа тие нека примаат злато, љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен.
6. Наплеќникот нека го направат од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен - вешто изработен.
7. Нека има на него две прерамки, прицврстени за неговите краеви.
8. Ткаенината што ќе биде на него, нека е направена како и него: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен, а нека составуваат со него едно парче.
9. Потоа земи два бесценети камења - оникси и врежи ги во нив имињата на Израелевите синови: