1. Господ му рече на Мојсеја:
2. „Кажи им на Израелците да Ме даруваат, а вие примајте ги даровите во Моја чест од секој што дава од срце.
3. А примајте ги овие дарови: злато, сребро и бронза;
4. љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен;
5. готови овновски кожи, па убави кожи; ситимово дрво;
6. масло за осветлување; мириси за масло за помазание и за мирисливо кадење;
7. оникс и други бесцени камења, што ќе бидат вметнати во наплеќникот и врзградникот.
8. Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив.
9. При градењето на Престојувалиштето и на сè во него, постапи точно според образецот што ќе ти го покажам.”
10. „Нека направат ковчег од багремово дрво: долг два ипол лакти, широк лакот ипол и висок лакот ипол.
11. Опкови го со чисто злато, опкови го однадвор и внатре; а околу него стави завршен појас од злато.
12. Излеј за него четири златни колца од едната страна, а две колца од другата.