11. „Побарај од Господа, својот Бог, знак за себе од длабочината на Подземјето или од височините горе.”
12. Но Ахаз одговори: „Не, не сакам да барам и не сакам да Го искушувам Господа.”
13. Тогаш Исаија рече: „Чујте, Давидов доме, зар ви е малку да им додевате на луѓето, па и на мојот Бог Му додевате!
14. Затоа, Господ Сам ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Емануел!
15. Тој ќе се храни со млеко и мед, додека не се научи да го отфрла злото и да го избира доброто.
16. Зашто, пред младенецот да научи да го отфрла злото и да го избира доброто, земјата ќе опусти, заради која трепериш, од две царства.
17. Против тебе и против твојот народ и против куќата на татка ти, Господ ќе донесе денови какви не биле откога Ефрем се оддели од Јуда, - асирскиот цар.”
18. Во оној ден, Господ ќе им даде знак на мувите на вливот на египетските реки, и на пчелите во Асирската Земја,
19. да дојдат и да слетаат по стрмните долови, по расцепените карпи, по сите трништа и по сите пасишта.
20. Во оној ден, ќе ги избричи со брич наемен од онаа страна на Еуфрат - со асирскиот цар - косата од главата, влакната од нозете и брадата од образите.
21. Во оној ден, секој ќе храни по една крава и по две овци,
22. и од изобилството на млекото што ќе му го дадат ќе се храни со маст; ќе се хранат со маст и мед сите што ќе останат во земјата.