1. „Сега чуј, Јакове, Мој слуго, Израеле, кого го избрав.
2. Вака вели Господ, Кој те создаде, Кој те створи во утробата и те помаза: ‘Не бој се, Јакове, Мој слуго, Ешуруне (Израеле), кого го избрав.
3. Зашто ќе излеам вода врз жедна земја, и потоци по сувата почва. Ќе го излеам Својот Дух на твоето семе, и Својот благослов на твоето поколение.
4. Ќе растат како трева покрај извор, како врби покрај води што течат.’
5. Еден ќе рече: „Јас сум Господов,” друг ќе се наречува со Јакововото име. Третиот ќе си напише на раката: „Господов” и ќе се нарече со Израелевото име.
6. Вака зборува Израелевиот Цар и неговиот Искупител, Господ над Воинствата: ‘Јас Сум првиот и Јас Сум последниот: нема Бог освен Мене.
7. Кој е како Јас? Нека стане и нека зборува, нека навестува и нека Ми изложи! Кој откри, од вечноста, што се случило? Нека ни навести уште што ќе дојде!
8. Не плашете се, не бојте се: нели оддамна ви го навестив тоа и ви го открив? Вие сте Ми сведоци: има ли Бог освен Мене? Има ли Стена? Јас за друга не знам!’”
9. Секој што прави кипови, ништожен е, и неговите скапоцености не се полезни за ништо. Нивните сведоци не гледаат ништо и не знаат ништо, да им бидат за срам.
10. Кој прави бог и лее кип нема полза од тоа?
11. Ете, сите почитувачи на ликовите ќе бидат засрамени, нивните изработувачи повеќе од било кога. Нека се соберат сите и нека се појават: одеднаш ќе се исплашат и ќе се засрамат.
12. Ковачот го изработува врз жив јаглен, го вообликува со чекан, го обработува со силна рака. Гладен е и изнемоштен; не пие вода, се исцрпува.