1. Ете, Господ, Господ над Воинствата, им ги одзема на Ерусалим и Јудеја секоја поткрепа, помош во леб и помош во вода,
2. јунакот и војникот, судијата и пророкот, вражалецот и старешината, педесетникот и чесниот,
3. советникот и мудриот уметник и оној што се занимава со баење.
4. „А за главатари им поставувам деца, им давам на дечињата да владеат над нив.”
5. Луѓето ќе бидат угнетувани, човек од човек и секој од својот ближен; детето ќе се големее над старецот, простиот над чесниот,
6. па секој ќе го фаќа брата си во татковата куќа: „Ти имаш облека, биди ни главатар, и тие урнатини нека бидат под твоја рака!”
7. А тој ќе се брани, во оној ден: „Не сакам да бидам водач, нема кај мене ни леб ни облекло: не ме поставајте за кнез на народот.”
8. Ерусалим се разурна и Јудеја падна зашто нивниот јазик и нивните дела Му се противат на Господа, па му се бунтуваа на погледот на Неговата Слава.