Тогаш, во дваесет и третиот ден на третиот месец, односно на месецот сиван, беа повикани царевите писари, и според сè што имаше наредено Мардохеј, им се напиша на Евреите, на намесниците на управителите и на кнезовите на покраините од Индија до Етиопија, а беа сто дваесет и седум покраини, на секоја покраина со нејзиното писмо, на секој народ на неговиот јазик, па и на Евреите со нивното писмо и на нивниот јазик.