4. Во она време Еремија уште одеше меѓу народот, и уште не го имаа фрлено во темница.
5. А фараоновата војска навлегуваше од Египет: откако го чуја тоа, Халдејците, кои го опсадуваа Ерусалим, се оддалечија од градот.
6. Тогаш Господовото слово му се јави на пророкот Еремија:
7. „Вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘На јудејскиот цар, кој ве испрати кај мене да ме прашате, речете му вака: „Еве, фараоновата војска, што ви доаѓа на помош, ќе се врати во својата земја, Египет.