24. Во третиот ден својот принос го донесе началникот на Завулоновците, Елијав, синот Хелонов.
25. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;
26. една златна кадилница, полна со темјан;
27. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;
28. еден јарец за жртва за грев;
29. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елијава, Хелоновиот син.
30. Во четвртиот ден својот принос го донесе началникот на Рувимовците, Елисур, синот Седиуров.
31. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели, според светиот шекел; двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;
32. тогаш, една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;
33. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;
34. еден јарец за жртва за грев,
35. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елисура, Седиуровиот син.
36. Во петтиот ден својот принос го донесе началникот на Симеоновите синови, Саламил, синот Сурисадаев.
37. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;
38. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;
39. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;