3. од триесет години нагоре, сè до педесет години - сите кои можат да влезат во чета за вршење служба во Шаторот на средбата.
4. А службата на Каатовите синови во Шаторот на средбата е: грижа за Светината над светините.
5. Кога логорот тргнува на пат, Арон и неговите синови нека влезат и нека ја извадат заштитната завеса и нека го покријат Ковчегот на сведоштвото со неа.