16. Кога божилакот ќе се појави во облакот, Јас ќе го видам И ќе си спомнам за вечниот Завет Меѓу Бога и секоја жива душа, И секое тело на земјата.”
17. И Бог му рече на Ное: „Тоа нека е знак на Заветот, што го склучив меѓу Себе и сите живи суштества на земјата.”
18. Ноевите синови, што излегоа од бродот, беа: Сим, Хам и Јафет. А Хам е прататко на Ханаанците.
19. Тројцава беа Ноеви синови и од нив се насели целиот свет.
20. А Ное почна да ја обработува земјата и посади лозје.
21. Се напи вино и се испијани, па се разголи во својот шатор.
22. Хам, прататкото на Ханаанците, го виде разголениот татко и им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор.
23. А Сим и Јафет зедоа наметка, па ја префрлија преку своите раменици и одејќи назадечки ја покрија со неа, татковата голота. Лицата им беа свртени на другата страна, така што не го видоа татка си гол.
24. Кога Ное се отрезни од виното и дозна што му направи најмладиот син,
25. рече: „Проклет да е Ханаан, и да им биде слуга на своите браќа!”
26. Тогаш продолжи: „Благословен да е Господ, Симовиот Бог, а Ханаан ќе му биде слуга!
27. Бог нека го рашири Јафета, аа да живее во Симовите шатори, Ханаан нека му е слуга!”
28. А по потопот Ное поживеа триста и педесет години.