6. И така сè свое и отстапи на Јосифовата грижа, па повеќе не се грижеше за ништо, освен за лебот што го јадеше. А Јосиф беше со складна става и убав.
7. По некое време господаровата жена се загледа во него и му рече: „Легни со мене!”
8. Тој и се спротиви и рече на жената на својот господар: „Гледај! Откако сум јас тука, мојот господар не се грижи за ништо во куќата; сè што има ми го довери мене.
9. Тој нема во куќава поголема власт отколку јас, и ништо не ми скратува освен тебе, зашто си негова жена. И како би можел да направам толку големо зло и да згрешам против Бога!”
10. Иако таа секојдневно му зборуваше така на Јосифа, тој не се согласи да легне со неа и да биде со неа.
11. Еден ден Јосиф влезе во куќата по работа. Бидејќи никој од слугите не беше во куќата,
12. таа го фати за наметката и рече: „Легни со мене!” Но тој ја остави својата наметка во нејзината рака, се истрга и избега надвор.