1. Кога Амарфал беше цар на Сенар, Ариох цар на Елесар, Ходолгомор цар на Елам и Таргал цар на Гоим,
2. тие почнаа војна против Вер, цар на Содом; Варса цар на Гомор; Сенара цар на Адма; Симовор цар на Севоим и против царот на Вала, што е сега Сигор.
3. Сите тие се собраа во Сидимската Долина, каде е денес Соленото Море.
4. Дванаесет години му служеа на Ходолгомор, но на тринаесеттата кренаа востание.
5. Во четиринаесеттата година се кренаа Ходолгомор и царевите што беа со него и ги поразија: Рафајците во Карнаимскиот Астарот и Зузејците во Ам и Омејците во Киријатското Поле,
6. и Хорејците во планинскиот крај Сир, близу до Фаранската Рамница, што е покрај пустината.
7. Оттаму се повлекоа назад и стигнаа во Ен-Миспат, што е сега Кадис, и ја покорија целата земја на Амаликците и на Аморејците, кои живееја во Асасон-Тамар.
8. Потоа истапи царот на Содом и царот на Гомор и царот на Адма и царот на Севоим и царот на Вала, што е сега Сигор, и стапија во борба против оние, кои беа во Сидимската Долина:
9. против Ходолгомор, царот на Елам; Таргал, царот на Гоим; Амарфал, царот на Сенар; Ариох, царот на Еласар - четири цареви против пет.
10. Сидимската Долина беше полна со дупки, од кои вадеа смола; та царевите на Содом и Гомор, бегајќи паднаа во нив, а другите избегаа на планината.
11. Победниците ги зедоа сите богатства на Содом и Гомор и сета нивна храна и си отидоа.