2. „Што гледаш Амосе?” ме праша. „Кошница со зрели плодови,” реков. Тогаш Господ ми рече: „Мојот Израелски народ дозреа за пропаст; не ќе го штедам веќе.
3. И храмските певици ќе ридаат во тој ден - говори Господ Бог, - ќе бидат многу трупови, ќе ги фрлаат насекаде, молчејќи.”
4. Слушајте го ова, вие што ги газите сиромасите и што ги сотрувате бедните во земјата!
5. Велите: „Кога ли ќе помине новата месечина, за да го продадеме житото, и саботата, за да тргуваме со пченицата. Намалувајќи ја ефата, зголемувајќи го сикалот, да измамуваме со криви мерилки,
6. за да го купиме сиромашниот за сребреници, бедниот за лесни обувки, и за да ги продаваме триците од житото.”