3. Тогаш и рече: „Оди и позајми од сите свои соседи празни садови, но нека не бидат премалку!
4. Потоа врати се дома, затвори ја вратата зад себе и зад своите синови и налевај масло во сите тие садови и полните ставај ги настрана.”
5. И таа си отиде од него, ја затвори вратата зад себе и зад своите синови. Тие и ги подаваа садовите, а таа ги полнеше.
6. И кога се наполнија садовите, таа му рече на својот син: „Подај ми уште еден сад!” Ама тој и одговори: „Нема веќе садови.” И маслото прекрати.
7. Таа отиде и му кажа на Божјиот човек, а тој и рече: „Оди, продај го маслото и исплати го својот долг, а од остатокот ќе живеете: ти и твоите синови!”
8. Еден ден Елисеј поминуваше низ Сунам. А таму живееше угледна жена, и таа го повика при столот. Оттогаш, кога поминуваше оттаму, се навратуваше кај неа за јадење.
9. Таа му рече на мажа си: „Еве, знам и гледам дека е свет оној Божји човек што поминува оттука.
10. Да му направиме соба на покривот, да му ставиме таму постела стол, столица и светилка: кога ќе дојде кај нас, ќе се повлече таму.”
11. Еден ден тој дојде таму, се повлече во горната соба и се одмори таму.
12. Потоа му рече на својот момок Гиезиј: „Повикај ја таа Сунамка!” Тој ја повика, та таа застана пред него.
13. И уште му рече: „Кажи и: ‘Убаво се грижиш за нас. Што можеме да направиме за тебе? Треба ли да се каже збор за тебе на царот или на војсководачот?’” Но таа одговори: „Јас живеам сред својот народ.”
14. Тој продолжи: „И така, што да направиме за неа?” Гиезиј одговори: „Ете, нема син, а мажот и е возрасен.”
15. А тој рече: „Повикај ја!” Ја повика, а таа застана кај вратата.
16. ”Догодина во ова доба - и рече - ќе прегрнеш син во прегратка.” А таа рече: „Не, господару мој, не ја измамувај својата слугинка!”
17. Но жената навистина забремени, и роди син во она доба на другата година, како што и рече Елисеј.