14. Тој продолжи: „И така, што да направиме за неа?” Гиезиј одговори: „Ете, нема син, а мажот и е возрасен.”
15. А тој рече: „Повикај ја!” Ја повика, а таа застана кај вратата.
16. ”Догодина во ова доба - и рече - ќе прегрнеш син во прегратка.” А таа рече: „Не, господару мој, не ја измамувај својата слугинка!”
17. Но жената навистина забремени, и роди син во она доба на другата година, како што и рече Елисеј.
18. Детето растеше. Еден ден отиде кај таткото при жетварите.
19. И му се поплака на таткото: „Ох, мојата глава, мојата глава!” А таткото му заповеда на еден момок да го однесе кај мајка му.
20. Тој го зеде и го одведе кај неговата мајка. Остана на нејзините колена до пладне, и тогаш умре.
21. Таа тогаш отиде горе и го положи во постелата на Божјиот човек. Потоа излезе и ја заклучи вратата.
22. Потоа го повика мажа си и му рече: „Испрати ми еден од момците и една ослица; ќе отрчам до Божјиот човек и ќе се вратам.”