36. Само Господ е Оној Кој со големата сила на својата протегната рака ве изведе од Египетската Земја; почитувајте Го Него, клањајте Му се Нему и принесувајте Му жртви Нему.
37. Пазете ги правилата и уредбите, законот и заповедите кои ви ги пропиша за да ги исполнувате верно засекогаш, и не почитувајте ги туѓите богови.
38. Немојте да го заборавите Заветот што го склучив со вас, и немојте да почитувате други богови,
39. само Господа, својот Бог, почитувајте Го, и Тој ќе ве избави од рацете на сите ваши непријатели.”
40. Но тие не послушаа, туку и натаму се држеа за својот стар обичај.
41. Така тие народи Го почитуваа Господа, а им служеа и на своите кипови. Нивните синови и синовите на нивните синови прават, до денешниот ден, онака како што правеа нивните татковци.