12. Тогаш Давид созна дека Господ го потврди за цар над Израел и дека многу го возвиши неговото царство заради Својот израелски народ.
13. По доаѓањето од Хеврон Давид зеде уште соложници и жени од Ерусалим; и му се родија на Давида уште синови и ќерки.
14. Еве ги имињата на децата кои му се родија во Ерусалим: Самуј, Совав, Натан, Соломон,
15. Евар, Нафиг, Јафиј,
16. Елисам, Елијад и Елифалет.
17. Кога Филистејците чуја дека го помазаа Давида за цар над Израел, сите излегоа за да го бараат Давида. Откако го чу тоа, Давид слезе во своето засолниште.
18. Филистејците дојдоа и се раширија по Рафајската Долина.
19. Тогаш Давид го праша Господа: „Можам ли да ги нападнам Филистејците? Сакаш ли да ми ги предадеш мене во рацете?” Господ му одговори на Давида: „Нападни! Ќе ти ги предадам Филистејците во рацете!”
20. Тогаш Давид дојде во Вал Ферасим и таму ги порази. Давид рече: „Господ продре пред мене меѓу моите непријатели како што продира водата.” Затоа тоа место беше наречено Вал Ферасим (Место на Продори).