30. со злато го покри и подот на Храмот одвнатре и однадвор.
31. А за влез во Светината над светините направи двокрилна врата од маслиново дрво; довратниците со праг беа на пет агли.
32. Двете крила на вратата од маслиново дрво ги украси со херувими, палми и со расцветани цветови, и сите ги обложи со злато; со златни листиња ги облепи херувимите и палмите.
33. Така и за влезот во Светилиштето направи врата од маслиново дрво, со четириаглести довратници.
34. Двете крила на вратата беа од чемпресово дрво, и двете се отвораа на едната и на другата страна.
35. Врежа врз нив херуви, палми и расцветани цветови, и го обложи со злато сè што беше ископаничарено.
36. Потоа го изгради внатрешното предворје од три реда делкан камен и од еден ред делкани кедрови греди.
37. Основите на Господовиот Храм беа положени во четвртата година, во месецот Зиф;
38. а во единаесеттата година, во месецот Вул - тоа е осмиот месец - Храмот е довршен со сите делови и со сè што му припаѓаше. Го изгради за седум години.