40. И додека твојот слуга работеше тука-таму, него го снема.” Тогаш царот на Израел му рече: „Еве ти ја пресудата! Сам си ја изрече!”
41. На тоа оној веднаш го отстрани покривалото од очите, и израелскиот цар виде дека тоа е еден од пророците.
42. А тој му рече на царот: „Господ вели вака: ‘Бидејќи остави да ти избега од рацете човекот, кого го удрив со проклетство, твојот живот ќе биде за неговиот живот, твојот народ за неговиот народ!’”
43. И израелскиот цар си отиде во својата куќа, темен и насрден, и влезе во Самарија.