52. негов син Мерајот, негов син Амариј, негов син Ахитов,
53. негов син Садок, негов син Ахимас.
54. Ова се нивните живеалишта според населбите во нивното подрачје: на Ароновите синови од Каатовото семејство - зашто ним им падна жрепката -
55. им го дадоа Хеврон во Јудејската Земја со пасиштата околу него.
56. Градското Поле и неговите села му ги дадоа на Ефрониевиот син Халев.
57. И така, им ги дадоа на Ароновите синови градовите - прибежишта Хеврон и Ливна со пасиштата, Јатир и Естемој со пасиштата,
58. Илон со пасиштата, Девир со пасиштата,