5. на Ависуј му се роди Вукиј, на Вукиј му се роди Озиј,
6. на Озиј му се роди Зерај, а на Зерај му се роди Марајот.
7. На Марајота му се роди Амариј, на Амарија му се роди Ахитов;
8. на Ахитова му се роди Садок; на Садока му се роди Ахимас;
9. на Ахимаса му се роди Азариј, на Азарија му се роди Јоанан;
10. На Јоанана му се роди Азариј, кој беше свештеник во Храмот што го изгради Соломон во Ерусалим.
11. На Азарија му се роди Амариј; на Амарија му се роди Ахитов;
12. а на Ахитова му се роди Садок, на Садока му се роди Салум;
13. на Салума му се роди Хелкиј, на Хелкија му се роди Азариј;
14. на Азарија му се роди Јоседек.
15. Јоседек отиде кога Господ ги одведе на заточение Јуда и Ерусалим преку Навуходоносоровата рака.
16. Левиеви синови беа: Гирсон, Каат и Мерариј.
17. Еве ги имињата на Гирсоновите синови: Ловениј и Симеј.