13. И откако го напушти Назарет, дојде и се насели во Капернаум, крај морето, во пределите Завулонови и Нефталимови,
14. за да се исполни она што го рече пророкот Исаија:
15. ”Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, од другата страна на Јордан, Галилеја на народите;
16. народот, кој седеше во темнина, виде голема Светлина, и на оние, кои седеа во пределот и сенката на смртта, на нив им изгреа Светлина.”
17. Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто царството небесно се приближи!”
18. А кога одеше покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа: Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, дека фрлаа мрежа во морето, зашто беа рибари,
19. па им рече: „Дојдете по Мене и Јас ќе ве направам рибари на луѓе!”
20. А тие веднаш ги оставија мрежите и Го следеа.
21. И кога отиде оттаму, виде натаму други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во кораб со татка им Заведеј, како ги крпат своите мрежи, и ги повика.
22. И тие веднаш ги оставија коработ и татка си и Го следеа.
23. И Исус обиколуваше по цела Галилеја, учејќи во нивните синагоги и проповедајќи го Евангелието за царството, и лекувајќи секаква болест и секаква немоќ меѓу народот.
24. И се разнесе глас за Него по цела Сирија; и ги доведуваа при Него сите болни, кои страдаа од разни болести и маки, опфатени од демони, месечари и фатени, и ги излечи.
25. И Го следеше големо мноштво од Галилеја и Десеттоградието, од Ерусалим и Јудеја, и отаде Јордан.