3. А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание?
4. Зашто Бог рекол: ‘Почитувај ги татка си и мајка си,’ и ‘Кој го злоречува татка си или мајка си, со смрт нека умре;’
5. а вие велите: кој ќе му рече на татка си, или на мајка си: ‘Она со што би можел да се ползуваш од мене, Му е подарено на Бога,
6. тој не треба да дава на татка си или мајка си;’ и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание.
7. Лицемери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи:
8. ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене.
9. Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’”
10. И го повика мноштвото и им рече: „Слушајте и разберете!
11. Не она, што влегува во устата го онечистува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го онечистува човекот.”
12. Тогаш учениците Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли, дека фарисеите се соблазнија кога го чуја тој збор?”
13. А Тој одговори и рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот небесен Татко, ќе биде откорната.
14. Оставете ги. Тие се слепи водачи на слепите; а ако слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.”
15. А Петар одговори и Му рече: „Објасни ни ја параболава.”
16. А Исус им рече: „И вие ли сте уште без разбирање?