22. Книжниците пак, кои дојдоа од Ерусалим, зборуваа дека го има Велзевула и дека со помош на демонскиот кнез ги истерува бесовите.
23. И откако ги повика, им зборуваше во параболи: „Како може сатаната да изгонува сатана?
24. Ако едно царство се раздели против себеси, тоа не може да се одржи.
25. И ако дом се раздели против себеси, тој дом не може да опстане.
26. И ако сатаната се кренал против себеси и се разделил, не ќе може да опстане, туку му дошол крајот.
27. Но никој не може да влезе во куќа на силен и да му ја ограби покуќнината, ако првин не го врзе силниот и тогаш да му ја ограби неговата куќа.
28. Вистина ви велам, дека на човечките синови ќе им бидат простени сите гревови и хули, колку и да хулат;
29. но кој похули на Светиот Дух, нема прошка довека,
30. туку го обвинува вечен грев. Зашто рекоа: „Има нечист дух!”