32. А сонот ги совлада Петра и неговите другари. А кога се разбудија, ја видоа Неговата слава и двајцата мажи, кои стоеја со Него.
33. И кога тие се разделуваа од Него - Петар Му рече на Исуса: „Учителе, добро е да сме тука; ќе направиме три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеј, еден за Илија” - не знаејќи што зборува.
34. И додека тој уште го зборуваше тоа, дојде облак и ги засени и се исплашија, кога влегоа во облакот.
35. А од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот Син, Мојот Избраник! Слушајте Го Него!”
36. Кога гласот екна, Исус се најде Сам. Тие пак молчеа и никому ништо не кажуваа во тие дни, за она што видоа.
37. А на другиот ден, кога слегуваа од гората големо мноштво Го пресретна.
38. И ете, еден човек од народот извика: „Учителе, Те молам, погледни на мојот син, зашто ми е единец!