48. И сиот народ, што се беше собрал да го гледа ова, кога виде што стана, се враќаше дома, удирајќи се по градите.
49. А сите Негови познати стоеја подалеку, и жените, кои дошле по Него од Галилеја - го гледаа тоа.
50. И ете, некој човек по име Јосиф, кој беше советник, добар и праведен човек,
51. тој не се согласи со нивната одлука и со нивното дело - од јудејскиот град Ариматеја - кој го очекуваше Божјото Царство,
52. отиде при Пилата и го побара Исусовото тело.
53. И кога го симна, го обви во ленено платно и го положи во гроб, исечен во камен - во кој уште никој не беше положен.
54. А беше ден на подготовката, и саботата настапуваше.
55. По него одеа и жените, кои беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоа гробот и како беше положено Неговото тело.
56. Потоа се вратија и приготвија мириси и миро; а во саботата, почиваа, според заповедта.