1. Тогаш целото нивно множество стана и Го одведе при Пилата.
2. И почнаа да Го обвинуваат, велејќи: „Го најдовме Овој, како го буни нашиот народ и забранува да се дава данок на ќесарот, а за Себе вели дека е Христос Цар.”
3. А Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Јудејски Цар?” А Тој во одговор му рече: „Ти велиш.”
4. Тогаш Пилат им рече на свештеничките главатари и на народот: „Не наоѓам никаква вина на Овој Човек.”
5. Но тие уште поупорно велеа: „Тој го буни народот, зашто поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па дотука.”
6. А кога Пилат го чу тоа, праша дали е Тој Човек Галилеец.
7. И кога научи дека е од Иродовата област, Го испрати при Ирода, кој во тие денови - исто така - беше во Ерусалим.