7. И го роди својот Син, првенец, па Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата.
8. А во тој ист крај пастири ноќеваа под ведро небо, чувајќи го своето стадо.
9. И одеднаш Господов ангел им пристапи и Господовата слава ги осветли, па се уплашија многу.
10. Ангелот пак им рече: „Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи:
11. зашто денес ви се роди Спасител, во Давидовиот град, Кој е Христос Господ.
12. И ова ви е знак: ќе најдете Младенче повиено, како лежи во јасли!”
13. И одеднаш со ангелот се најде множество небесно воинство, кое Го фалеше Бога, велејќи:
14. ”Слава на Бога во висините и на земјата мир, во луѓето добра волја!”
15. А кога ангелите си отидоа од нив во небото, пастирите си зборуваа еден на друг: „Тогаш, да отидеме до Витлеем и да видиме што се случило таму, за кое ни соопшти Господ!”
16. И брзајќи дојдоа и ги најдоа: Марија и Јосифа, и Детенцето како лежи во јаслите.