2. Тоа беше прв попис, кога Квиринеј управуваше во Сирија.
3. И сите одеа за да се запишат, секој во својот град.
4. Така и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, горе во Јудеја, во Давидовиот Град, кој е наречен Витлеем, зашто беше од Давидовиот дом и семејство,
5. да се запише со Марија, свршената со него жена, која беше бремена.
6. А кога беа таму - и дојде време да роди.
7. И го роди својот Син, првенец, па Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата.
8. А во тој ист крај пастири ноќеваа под ведро небо, чувајќи го своето стадо.
9. И одеднаш Господов ангел им пристапи и Господовата слава ги осветли, па се уплашија многу.
10. Ангелот пак им рече: „Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи:
11. зашто денес ви се роди Спасител, во Давидовиот град, Кој е Христос Господ.