26. Исус и рече: „Јас Сум, Кој зборувам со тебе.”
27. Тогаш дојдоа Неговите ученици и се чудеа дека разговара со жена, но ниеден не рече: „Што сакаш?” или: „Зошто разговараш со неа?”
28. Тогаш жената ја остави својата стомна и отиде во градот, па им рече на луѓето:
29. ”Дојдете да Го видите Човекот, Кој ми кажа сè што сум направила! Да не е Тој Христос?”
30. Тие излегоа од градот и тргнаа кон Него.
31. Во меѓувреме учениците Го молеа Исуса: „Рави, јади!”
32. Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.”
33. Тогаш учениците зборуваа помеѓу себе: „Да не му донесол некој јадење?”
34. Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој ме прати и да го завршам Неговото дело.
35. Зар вие не велите: „Уште четири месеци и жетвата ќе дојде! „Еве, ви велам: подигнете ги своите очи и видете ги нивите како побелеле за жетва!