33. Кога Исус ја виде како плаче, и како плачат Јудејците, кои дојдоа со неа, се растажи во духот, и се потресе
34. и рече: „Каде го положивте?” Му рекоа: „Господи, дојди и види!”
35. Исус просолзи.
36. Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го љубел!”
37. А некои од нив рекоа: „Не можеше ли Овој, Кој му ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?”
38. А Исус пак се растажи силно во Себеси и дојде на гробот; а тоа беше пештера и камен навален на неа.
39. Исус рече: „Поместете го каменот!” Марта, сестрата на покојниот, Му рече: „Господи, веќе смрди, зашто е четири дни во гробот.”
40. Исус и рече: „Не ли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
41. Тогаш го поместија каменот, а Исус ги подигна очите нагоре и рече: „Татко, Ти благодарам, што Ме послуша.
42. Јас знаев дека секогаш Ме слушаш; но ова го реков заради народот, кој стои тука, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.”
43. Откако го рече тоа, викна со силен глас: „Лазаре, излези надвор!”